Создадена од лично искуство
Секоја наша програма е создадена од лично искуство — од човек кој живее, работи и патува низ Источна Африка. Затоа зад секое патување стојат знаење од терен, искуство и луѓе на кои навистина им веруваме.

Каде патувањето станува приказна
Програми создадени од лично искуство, знаење од терен и места во кои навистина веруваме

Секоја наша програма е создадена од лично искуство — од човек кој живее, работи и патува низ Источна Африка. Затоа зад секое патување стојат знаење од терен, искуство и луѓе на кои навистина им веруваме.
Со годините, создадовме доверливи односи со водичи, лоџови, хотели и луѓе на терен. Тоа ни овозможува да знаеме кому му веруваме и да ви понудиме искуство кое оди чекор подалеку од она што вообичаено се нуди.
Не ставаме сè што постои во една програма. Внимателно ги избираме местата, сместувањата и искуствата што навистина вредат. Секоја програма е поединечно креирана според она што сакаме вие да го доживеете — и што самите би го препорачале.
Од големи сафарија до скриени места, локални искуства и внимателно избрани сместувања — Африка ја бараме и таму каде што не стигнува секоја туристичка програма. Создаваме патувања со карактер, приказна и чувство дека сте виделе нешто повеќе.
Без копирани програми. Секое место е избрано со причина.
Вашата Африка. Нашето искуство.
Вчитување…
Секое патување започнува со желба да се доживее нешто навистина незаборавно. Од местата каде што престојуваме до моментите што ги споделуваме, секој детаљ е избран за да ве доближи до срцето на Африка. Затоа што некои патувања стануваат повеќе од спомени — стануваат приказни што ги носите со себе.

Летовите, хотелите, трансферите и сафарито доаѓаат како еден пакет. Додајте ги факултативните излети што ги сакате, а вистински човек ќе го потврди секој детаљ со вас.