Ова лето ве носиме на „најдобрата дестинација за сафари во светот“, титула признаена од World Travel Awards во 2015 г., официјално и неспорно на пиедесталот! Каде, ако не во Кенија!
Започнуваме од Момбаса, град наречен „Остров на војна“, заради бројните промени на власта над овој град. Не е чудо што градот е центар на туризмот во овој регион поради добрата местоположба, меѓународниот аеродром и големото пристаниште поврзувајќи ја Африка со Блискиот Исток, Индија и Кина. Одиме во посета на Mombasa Tusks, а потоа се упатуваме кон плажата со беспрекорни бели песоци и тиркизни води, плажата Ватаму. Ќе сретнеме еден од ретките светски феномени, пустина веднаш до океан, каде ќе може да возите Quad bikes низ пустинските дини. Ќе имаме можност и за сафари во Националниот парк Наироби, каде ќе ги набљудувате животните како слободно се движат на само неколку метри од нас. Ќе застанете и пред вистинската Pride Rock – карпата која го инспирираше легендарниот „Кралот лав“, а потоа ќе се впуштиме во авантура на коњско седло покрај жирафи, зебри и газели во магичната природа на Наиваша. А кога денот ќе заврши, го откриваме Лимуру – земјата на прочуениот кениски чај.
На крај оставаме време и за главниот град на Кенија, Зелениот град на сонцето, енормниот Наироби. Деновите на ова патување ќе бидат исполнети со сончање, плажа, капење во тиркизните води на Индискиот Океан, возење Jet Ski, јавање камили на плажа, Quad Bikes, свежа морска храна, препознатливото Kilimanjaro кафе и чај, сафари слично на сцените од „The Lion King“ и хранење на највисоките животни на планетата. Уште едно незаборавно поглавје од вашата книга низ Африка.