TravelToAfrica
Kenya Superior

Kenya Superior

Момбаса + 2-дневно Tsavo Сафари + Salt Lick Safari Lodge + Наироби

Kenya 9 денаод1.599 €по лице, двокреветна1.749 €Промо цена до 15 декември 2026
Преглед

За ова патување

Ова лето ве носиме на „најдобрата дестинација за сафари во светот“, титула признаена од World Travel Awards во 2015 г., официјално и неспорно на пиедесталот! Каде, ако не во Кенија!

Започнуваме од Момбаса, град наречен „Остров на војна“, заради бројните промени на власта над овој град. Не е чудо што градот е центар на туризмот во овој регион поради добрата местоположба, меѓународниот аеродром и големото пристаниште поврзувајќи ја Африка со Блискиот Исток, Индија и Кина. Одиме во посета на Mombasa Tusks, а потоа се упатуваме кон плажата со беспрекорни бели песоци и тиркизни води, плажата Ватаму. Ќе сретнеме еден од ретките светски феномени, пустина веднаш до океан, каде ќе може да возите Quad bikes низ пустинските дини. Ќе застанете и пред вистинската Pride Rock – карпата која го инспирираше легендарниот „Кралот лав“, а потоа ќе се впуштиме во авантура на коњско седло покрај жирафи, зебри и газели во магичната природа на Наиваша. А кога денот ќе заврши, го откриваме Лимуру – земјата на прочуениот кениски чај.

На крај оставаме време и за главниот град на Кенија, Зелениот град на сонцето, енормниот Наироби. Деновите на ова патување ќе бидат исполнети со сончање, плажа, капење во тиркизните води на Индискиот Океан, возење Jet Ski, јавање камили на плажа, Quad Bikes, свежа морска храна, препознатливото Kilimanjaro кафе и чај, сафари слично на сцените од „The Lion King“ и хранење на највисоките животни на планетата. Уште едно незаборавно поглавје од вашата книга низ Африка.

Кратки факти
Локација
Кенија: Момбаса, Ватаму, Наироби
Аеродроми
Солун (SKG) → Момбаса (MBA), враќање од Наироби (NBO)
Траење
9 дена / 7 ноќевања
Група
До 10 патници, со наш претставник
Сместување
Хотели 4★ + Salt Lick Safari Lodge 5★
Оброци
Континентален појадок; полн пансион на сафари
Најдобро за
Прво сафари + плажа
Сафари
2 дена во Цаво Исток (вклучено)
Highlights на патувањето

Незаборавни моменти на патувањето

  1. Цаво Исток
    1Цаво Исток
    2 дена сафари • иконскиот Salt Lick Safari Lodge
  2. Ватаму & Мамбруи
    2Ватаму & Мамбруи
    Тиркизно море • песочни дини • возење квадови
  3. Hell's Gate & Наиваша
    3Hell's Gate & Наиваша
    Сафари од коњско седло • карпата на „Кралот Лав“ • сцени од филмот
  4. Наироби
    4Наироби
    Жирафи одблиску • Карен Бликсен
  5. Nyali, Момбаса
    5Nyali, Момбаса
    3 дена на Индискиот Океан
План и програма

9 дена, испланирани до час

Кликнете на ден за да ја отворите програмата.

Пример сместување кое може да го очекувате. Договореното сместување може да биде поинакво, но слично во она што го пружа.

Рута

Каде води патувањето

Станиците по редослед; бројките се деновите поминати таму.

  1. 1Солун
  2. 2Истанбул
  3. 3Момбаса (Nyali)
  4. 4Ватаму
  5. 5Дини Мамбруи
  6. 6Национален парк Цаво Исток
  7. 7Salt Lick Safari Lodge
  8. 8Наироби
  9. 9Hell's Gate
  10. 10Езеро Наиваша
  11. 11Лимуру
Излети

Факултативни излети

Резервирајте ги заедно со патувањето. Местата се ограничени.

Ocean & Desert Adventure

Ocean & Desert Adventure

Ден 3

Стариот град Момбаса, плажата Ватаму и песочните дини Мамбруи

65 €по возрасен

Стариот град Момбаса е мешавина од свахили, арапски, португалски, британски и азиски влијанија на едно место. Се фотографираме пред Mombasa Tusks (Pembe Mbili). Плажата Ватаму има уникатна крајбрежна линија со напуштени островчиња и песочни насипи кои нудат прошетки при ниска плима. Песочните дини Мамбруи нудат уникатен спој на пустина и океан, со возење ATV, јавање коњи, ziplining или sky biking.

  • Стариот град Момбаса и Mombasa Tusks
  • Плажата Ватаму
  • Песочните дини Мамбруи
  • * ATV, јавање коњи, ziplining и sky biking се плаќаат на лице место.
✨ Iconic Safari

✨ Iconic Safari

Ден 5, 6

Дводневно сафари во Националниот парк Цаво Исток со ноќевање во Salt Lick Safari Lodge

Вклучено во цената

Цаво Исток е најстариот и најголем национален парк во Кенија (13.747 км²), со најголема популација на слонови во земјата, реката Галана, висорамнината Јата (најдолгиот тек на лава во светот), водопадите Лугард и карпата Муданда. Дома е на „големата петорка“: лав, леопард, носорог, слон и африкански бивол.

  • Дводневно сафари во Националниот парк Цаво
  • Ноќевање во најфотографираниот лоџ во Кенија, Salt Lick Safari Lodge, на база полн пансион
  • Влезница во националниот парк
  • Сафари џип и сафари на изгрејсонце
  • Организиран превоз до/од националниот парк
Lion King Experience

Lion King Experience

Ден 7

Сафари од коњско седло • карпата на „Кралот Лав“ • сцени од филмот

135 €по возрасен

Спектакуларните карпи и клисури на Хелс Гејт биле инспирација за „The Lion King“. Јавањето коњи покрај езерото Наиваша е незаборавно сафари искуство без звук на мотори, а регионот Лимуру произведува еден од најквалитетните црни чаеви во Кенија, со дегустација на лице место.

  • Националниот парк Хелс Гејт и Pride Rock
  • Езерото Наиваша
  • Сафари од коњско седло
  • Лимуру – дегустација на чај
Giants & Gardens

Giants & Gardens

Ден 8

Центарот за жирафи и имотот на Карен Бликсен

50 €по возрасен

Во Центарот за жирафи во Наироби ги допирате, храните и фотографирате загрозените Rothschild жирафи. Karen Blixen Coffee Garden & Cottages се наоѓа на поранешната плантажа на семејството Бликсен, познато по Out of Africa: стогодишни дрвја, бујни градини и свежо точено пиво.

  • Посета на Центарот за жирафи
  • Имотот на Карен Бликсен
  • * Оброкот и пијалоците не се вклучени во цената и се плаќаат дополнително.
Цената

Датуми и цени

ДатумиЦена по лицеПромо доЕднокреветнаДепозитМестаСтатус
15 – 23 јануари 20271.599 €1.749 €15 декември 2026Уште 10 местаОтворено

по лице · по лице, во двокреветна соба

Што е вклучено

Авио билет со сите такси Солун – Истанбул – Момбаса, економска класа, 1 x 8 kg рачен и 2 x 23 kg чекиран багаж
Авио билет со сите такси Наироби – Истанбул – Солун, економска класа, 1 x 8 kg рачен и 2 x 23 kg чекиран багаж
3 ноќевања со континентален појадок во двокреветни соби во Jumeirah Beachfront Apartments, Hotel & Venue Space 4★, Момбаса
3 ноќевања со континентален појадок во двокреветни соби во Kingfisher Nest Hotel Suites 4★, Наироби
1 ноќевање на база полн пансион во двокреветни соби во Salt Lick Safari Lodge 5★, Национален парк Цаво
Влезница во Националниот парк Цаво
Интерен авионски билет Момбаса – Наироби во економска класа со вклучен багаж
Сите автобуски трансфери аеродром – хотел – аеродром според програмата
Претставник на дестинација

Не е вклучено

Доплата за еднокреветна соба
Индивидуални трошоци
Факултативни излети и влезници
Меѓународно патничко-здравствено осигурување
Организиран автобуски превоз Скопје – Солун – Скопје
Виза за Кенија (35 USD, се вади самостојно онлајн на https://etakenya.go.ke/)

Добро е да знаете

  • Сите уплати се вршат исклучиво во евра.
  • Патната исправа мора да важи минимум 6 месеци по датумот на враќање и да има најмалку две празни страници. По купување на авио билетите средствата не се рефундираат; поради резервација на билетите потребна е уплата на интерниот лет при резервација.
  • Програмата може да претрпи измени во редоследот на деновите во зависност од расположливоста на објектите, временските услови и други оперативни причини.

Поради ограничениот дневен број на посетители за одредени атракции, ограничениот капацитет на интерните летови и потребата од навремена резервација, пријавувањето за сите факултативни излети е задолжително најдоцна една недела по потврдата на патувањето. По истекот на рокот не можеме да гарантираме достапност.

Сместување

Каде престојувате

Jumeirah Beachfront Apartments, Hotel & Venue Space

Jumeirah Beachfront Apartments, Hotel & Venue Space

Момбаса, Кенија

Ова е пример сместување кое може да го очекувате. Хотел со 4 ѕвезди по локална категоризација, со двокреветни соби со сопствен тоалет, клима уред, фрижидер, сеф, балкон, надворешен базен со лежалки, спа и фитнес центар. Хотелот се наоѓа на самата плажа во Момбаса, Nyali Coast. Услугата е на база ноќевање со континентален појадок.

Веб-страница
Salt Lick Safari Lodge

Salt Lick Safari Lodge

Национален парк Цаво, Кенија

Најфотографираниот лоџ во Кенија. Под вашата тераса слободно шетаат групи слонови, зебри и мајмуни. Полн пансион. Од безбедносни причини не се дозволува сместување на деца под 5 години.

Веб-страница
Kingfisher Nest Hotel Suites

Kingfisher Nest Hotel Suites

Наироби, Кенија

Ова е пример сместување кое може да го очекувате. Хотел со 4 ѕвезди по локална категоризација, со двокреветни соби со сопствен тоалет, клима уред, TV, фрижидер и балкон; хотелот има бар, ресторан, теретана и rooftop базен. Локацијата е во срцето на Наироби, во близина на шопинг молот Sarit Center. Ноќевање со континентален појадок.

Веб-страница

Пример сместување кое може да го очекувате. Договореното сместување може да биде поинакво, но слично во она што го пружа.

Дестинација

Дали сте знаеле дека Kenya…

01

Ги чува некои од најстарите човечки фосили, на пр. Turkana Boy (стар околу 1,5 милиони години)

02

Првата Африканка која добила Нобелова награда за мир е родена во Кенија

03

Многу од најдобрите светски тркачи се токму од Кенија (околу 35 златни олимписки медали)

04

Има 535 км крајбрежје

05

Најголемиот извоз е чајот (околу 1,6 милијарди долари во 2022 година)

06

Национално животно е лавот, кој симболизира храброст и сила

07

Планината Кенија е втора највисока планина во Африка, по Килиманџаро

08

Располага со 50 национални паркови и резервати

09

Меѓу 5-те најголеми светски извозници на цвеќе

10

Вкупна популација од 56 милиони жители, со главен град Наироби (преку 5 милиони жители)